|
Еден од првите произведени примероци на малечкиот суперлуксузен автoмобил Cygnet за кого Aston Martin зеде урнек од Toyota iQ и ја преработи од корен беше изложен во стоковната куќа Harrods.

Изложениот автомобил во излогот на лондонскиот Harrods е дел од предсеријата, додека официјалното сериско производство треба да започне на почетокот на следната година во погоните на Aston Мartin во Гајдон.
Причината за изложувањето на Cygnet во Harrods лежи во желбата на одговорните во Aston Martin идните купувачи да можат одблизу да се запознаат со новиот малечок, а суперлуксузен автомобил на легендарната британска марка.
Иако е создаден на основата на iQ, Cygnet ги носи сите обележја на еден Aston Martin како крила и хауба изработени од алуминиум, шкрги на хаубата, предна маска изработена од полиран алуминиум која го следи имиџот на марката, нагласените странични завеси и соодветните задни светла и профилиран браник.
Иако поставен на основата на еден големосериски автомобил во најдобрата традиција на Aston Martin, Cygnet ќе се произведува рачно. Мотори, механика, каросерии ќе бидат испорачувани во Гајдон како посебни склопови.
Таму врвните мајстори на Aston Martin ќе бојадисуваат, шијат, склопуваат, балансираат и проверуваат за на крај од погоните да излезе рачно изработениот Cygnet кој по квалитет на изработка ќе биде еднаков на останатите модели на марката.
Списоците за нарачка на Cygnet во Aston Мartin се веќе отворени, а цената се оформува по коминикација на клиентот со компанијата во зависност од неговите желби и побарувања.
Овој прв склопен Cygnet ќе остане во излогот на една од најпознатите стоковни куќи на светот се до 11 декември. До тогаш секој посетител што ќе се најде во Лондон ќе може во Harrods одблизу да го разгледа и да го почувствува oвој микро Aston Martin.
|