Уште во 2006 година, тогашниот претседател на Тoyota, Тесуро Тојода го објави проектот „Возило од соништата” со цел да ги охрабри младите инженери да ги отворат нови видици при развој на возила.
Всушност идејата на беше да се создаде возило кое ќе вози на компримиран воздух. Проектот собра околу 40 млади инжинери од целиот свет кои имаа задача да развијат прототип на нов концепт на возило кое одговара на темата.
Оттогаш идеите не престано пристигнуваат, а најновиот проект го носи името KU:RIN, од јапонски - воздух и тркало, возило широко 0,8 и долго 3,5 метри кое се движи со компресиран воздух и го одликуваат силни забрзувања, одлична аеродинамика, малата маса и лесен и моќен компресор.
Инжинерскиот тим кој стои зад проектот KU:RIN одлучи да постави нов светски брзински рекорд и успеа со него да достигне максимални 129,2 km/h кои ги потврди Јапонскиот институт за истражување на возила на патеката во Широсато.
Тука не застануваат стремежите на тимот. Новиот план е рекордот да се в пише во Гинисовата книга на рекорди што би требало да се случи наскоро.
KU:RIN го задвижува мотор кој ја користи моќноста добиена при експанизија на компримираниот медиум, кој пак, доаѓа од три „боци” со висок притисок. Понатаму преку ременици и запчест ремен моќноста се пренесува до задното тркало.
Моторот е лесен и совршено одговара со карактерот на возилото кое со три „боци” има автономија од 3,2 километри. Воедно пријателски расположен кон природата бидејќи не користи ниту фосилни горива, ниту електрична енергија.
Интересно моторот доаѓа од компресор кој се користи кај клима уредите во класичните автомобили. Причината за ваквиот избор се сокрива во уште една дејност на корпорацијата на Toyota која е најголем светски производител на компресори за клима уреди кај возила, со годишна испорака од околу 20 милиони компресори ширум светот.