|
03.11.2007 |
Европскиот парламент предложи рекламите за автомобилите
внатре во европската унија да носат натписи исто како и цигарите, односно да
предупредуваат колку се опасни по околината.
Според тој план 20 проценти од просторот или времето на
рекламата мора да се издвои за информации од типот колкава е потрошувачката на
гориво на автомобилот и колкава е емисијата на јаглерод диоксид кој директно
влијае на глобалните климатски промени.
Иако сеуште станува збор за предлог, а како што е познато
обично предлозите кои ги штитат потрошувачите и животната средина поминуваат во
европскиот парламент, производителите на автомобили овој предлог го прифаќаат
доста сериозно затоа што се плашат да не минат како индустријата за цигари која
повеќе не се рекламира ниту во една држава на ЕУ.
Според Европската асоцијација на агенциите за комуникации
со седиште во Брисел, производителите на автомобили годишно трошат повеќе од
8,6 милијарди евра само за рекламирање во Западна Европа.
Една ваква одлука покрај производителите на автомобили ќе
влијае и врз медиумите кои директно зависат од реклами и маркетинг агенции.
|