|
27.10.2008 |
Можеби за кај ќе нас звучи чудно, но титулата Miss
Tuning се сфаќа многу сериозно во Германија и е една од најпрестижните титули
која се цени повеќе отколку титулата Мис на Германија.
Носителката на титулата се појавува на календар со жешки
фотографии и се смета за највисоко достигнување во нејзината кариера како модел.
А токму тоа и се случува годинава на носителката на титулата Miss
Tuning, Даниела Грим.
За време на одржувањето на тјунинг шоуто Tuning
World Bodensee, Даниела Грим беше избрана за кралица на тјунингот и
оттогаш па наваму се смета за пратеник чива задача е да ја шири идејата за преработка на
автомобилите.
Покрај останатите задолженија на кралицата на тјунингот
спаѓа и фотографирањето за престижниот календар за 2009 кој веќе може да се
нарача на интернет страницата на Tuning
World Bodensee по цена од 25 евра.
Фотосесијата е работена под врелото сонце на Калифорнија
и од приложеното секому станува јасно дека 25 годишната забна техничарка исклучително
добро се забавувала за време на снимањето.
|