Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Десет најкрадени автомобили во Германија
22.10.2008
zname-na-germanija-1.jpgГерманските осигурителни компании и тамошната полиција водат прецизна статистика за бројот на украдени автомобили на својата територија во текот на една година.

Според објавената статистика во текот на 2007 во Германија се украдени 16.502 возила што е за 13% пониска стапка на кражби во однос на претходната 2006.

Колку за споредба пред точно 15 години бројката на украдени возила била 6 пати повисока од бројките добиени за 2007.

Статистиката е децидна и вели дека највеќе на мета на крадците се постари модели пред се затоа што технологијата на заштита од кражба кај нив е на пониско ниво и е полесна за обивање, но и затоа што побарувачката на резервни делови за нив е далеку поголема.

Можеби делува изненадувачки, но моделите кои се стари 10 и повеќе години најчесто се предмет на кражба. Според статистиката нив ги снемува повеќе отколку некој современ автомобил.

Првото место за најкраден модел во 2007 во Германија е VW Caravelle Multivan 2.5 TDI. Средната вредност од проценката на осигурителните компании исплатена за штета од кражба изнесува 18.943 евра. Во 2006 овој модел бил на трето место.

1.jpg


 


 


 


 



Второто и третото место на списокот го окупираат
BMW X5 3.0d и Porsche Cayenne S, а средната вредност што осигурителните компании ја исплаќаат за штета од кражба изнесува 35.334, односно 50.850 евра.

2.jpg


 


 


 


 



Четврто и петто место за најчесто крадени возила го добиваат
Mercedes E250 D тип W124 и BMW 725tds тип Е38.

3.jpg


 


 


 


 



Шестото место му припаѓа на
Volkswagen Golf IV V6.

4.jpg


 


 


 


 

 

 

Седмото место за најпосакуван автомобил меѓу крадците го освојува BMW M3 тип Е46.

5.jpg















Осмото место е резервирано за
Volkswagen Passat V6 2.5 TDI тип 3В.

6.jpg


 


 


 


 



Деветото место го држи уште еден модел со истиот дизел мотор
, станува збор за Audi A6 2.5 TDI Quattro тип 4B.

7.jpg


 


 


 


 



Десетото место стои за
BMW 645 Ci тип Е63.

8.jpg


 


 


 


 



Најголем ризик од кражба имаат сопствениците на
Porsche, соодносот е 1,6 на 1.000 автомобили, на второто место е Trabant со 1,4 на 1.000. За да не дојде до забуна високата позиција Trabant ја држи поради многу малиот број на автомобили кои сеуште возат.

Од вкупно 2.800 автомобили кои имале каско осигурување минатата исчезнале 4. Најпосакувани марки се Audi, BMW, VW и марките на General Motors.

Најнеатрактивни за крадците се Mercedes, Seat, Rover и Saab.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook