|
29.04.2010 |
|
Идејата му паднала на ум на еден американец сопственик на BMW 330i кој сакал да направи оптички тјунинг на своето милениче на четири тркала од Минхен, но притоа да не потроши многу пари.

Сопственикот на наведениот автомобил, BMW ентузијаст и член на американскиот клуб на BMW наречен Е90 Post сакал да го лакира автомобилот во мат црна боја знаејќи дека со така обоен автомобил нема да мине незабележано.
Токму тоа и се случило, но во случајот, дечково немал пари, или, не сакал да ги потроши за ново лакирање на својот BMW 330i. А како што е познато мат боите за автомобили и самото лакирање не спаѓаат во евтини задоволства.
Сепак, тој си го направил меракот и потрошил само 120 долари. Како? Едноставно. Место да го пребојадиса, BMW фанот го излепил автомобилот со мат црн винил тапет и на тој начин добил уникатен примерок и си ја исполнил целта.
Овој BMW 330i нема да мине незабележано каде и да се појави, па дури и на интернет. Очигледно уникатниот оптички тјунинг за малку пари функционира.
|