Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ефикасноста на лежечките полицајци
28.01.2008
znak-neramen-kolovoz.jpgТочно е дека лежечките полицајци спречуваат пребрзо возење по улиците и со тоа чуваат човечки животи и спасуваат од материјална штета, но имаат негативен ефект врз потрошувачката.

Секако дека тоа му е јасно на секој учесник во сообраќајот, бидејќи со успорување и потоа забрзување до брзината со која сме возеле се троши гориво, а колку досега остануваше под знак прашалник.

Оваа проблематика покрај обичните возачи ги мачи и надлежните институции. Токму затоа британскиот автомобилистички клуб, за да ги  информира своите членови, неодамна нарача студија со која прецизно се докажаува колкаво е зголемувањето на потрошувачката.

Истражувачите кои ја работеле студијата дошле до запрепастувачки заклучоци. Имено автомобил кој во просек троши пет (5) литри додека вози мирно неменувајќи ја брзината, одденаш се претвора во потрошувачка ламја со просек од девет (9) литри кога неговиот пат е испресечен со лежечки полицајци. Станува збор за зголемување на потрошувачката од 80 проценти. Што веруваме ќе се согласите е премногу.

Но, не е само трошењето на гориво во прашање туку се работи и за зголемено загадување на животната средина бидејќи повеќе согорено гориво повеќе опасни гасови во атмосферата.

Студијата исто така открила дека со намалувањето на брзинскиот лимит од 50 на 30 km/h во некои делови од градовите, без лежечки полицајци, потрошувачката се зголемува за 10 проценти. Причината за една ваква појава е поддесувањето на моторите кои се направени да постигнуваат максимална ефикасност при повисоки брзини, а не при пониски.

Со прецизно мерење се установило дека лежечките полицајци го зголемуваат присуството на јаглерод моноксид СО во атмосферата за 82 проценти, додека нивото на отровниот азотен оксид NOx се зголемува за 37 проценти.

Истражувачите предложуваат идеална солуција за проблемот која се состои од отстарнување на лежечките полицајци и воведување ригорозни контроли од страна на полицијата помогнати со видео надзор.

Има еден дел на кој истражувачите не обрнале внимание, а за што неможе да се обвинат бидејќи првичната идеја водела во друга насока, е влијанието на лежечките полицајци врз подвозјето и суспензијата на автомобилот како и прекумерното трошење на сопирачките.

Уште повеќе ако се земе предвид, посебно кај нас, дека најголемиот дел од лежечките полицајци не се соодветно дизајнирани, односно се превисоки и престрмни и најчесто се прават со ставање еден куп бетон врз асфалтот кој потоа во зависност од раката на мајсторот добива некој провизорен и облик.

Плус на сето ова се надоврзува проблемот со возилата на брза помош и пожарна. Како влијае скокањето преку лежечките полицајци врз тешко повредени кои збираат душа во амбулатното возило, или пак, пламените јазици проголтаат објект бидејќи пожарникарите брзајќи морале патем да сопрат и да забрзат едно педесетина пати и загубиле неколку минути во процесот.

По сето ова јасно е дека ни се потребни вистински, а не лежечки полицајци, кои ќе си ја бркаат работата место да се греат закуткани во топлите кабини трошејќи ги напразно парите на даночните обврзници, односно народот, и чекаат да им мине смената.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook