|
08.02.2008 |
Еколошкото возило на три тркала кое го задвижува
електрична енергија не е идеја на некој развикан производител туку на група
студенти и професори од универзитетот на Јужна Австралија.
Интересниот концепт на двосед со три тркала е наречен Meet
Trev во слободен превод Запознајте го Trev, што пак е акроним
за Three wheels или три тркала. Значи: Запознајте
го трициклов.
Концептот Meet Тrev го
задвижува електро мотор и го турка до максимални 120 km/h.
Електромоторот добива енергија од пакет литиум-јонски батерии кои нудат доволно
капацитет за радиус на движење од 150 километри што е сосема доволно за
дневните потреби за низ град, но и за подолга дестинација во еден правец.
Во кабината се влегува преку една врата, а седиштата се
поставени едно позади друго. Има и дополнителен багажен простор каде можат да
се сместат две торби потребни за викенд за двајца.
Meet Trev го носи лесна шасија од алуминиум, каросеријата е од
фиберглас, а се тркала на еко-гуми кои имаат мал коефициент на триење и се
поставени на леснометални бандажи. Па така покрај тоа што е економичен и зелен
Мeet Trev е и шик.
Сеуште нема глас дали Мeet Тrev ќе се
произведува или ќе остане запаметен како обид. Но, тоа не зависи само од
кострукторите. Сепак, убаво е да се знае дека постои.
|