Get Adobe Flash player
Електро автомобил со 1.350 Nm вртежен момент
08.11.2007
electricen-avtomobil-hammac.jpgОва можеби личи на баги за голф претворено во електричен автомобил, но станува збор за едно од најмоќните електрични возила што сме ги сретнале до сега.

Со цена од 108.000 долари овој т.н. 120-M.P.H. Electric Car забрзува до 100 km/h за рамно 4 секунди и достигнува максимална брзина од 193 km/h со само еден степен на пренос.

Автомобилот го задвижуваат два електро мотори – помала верзија на истите такви што ги задвижуваат дизел-електро локомотивите – кои заеднички произведуваат 1.354 Nm максимален вртежен момент.

Шасијата на возилото е изработена од не`рѓосувачки челик и има интегриран заштитен кафез за зголемување на безбедноста. Каросеријата е изработена од карбон-фибер, кевлар и фиберглас, производителот тврди дека страничната заштита во вратите е четири пати поголема отколку онаа кај еден типичен SUV.

Автомобилот има нула емисија на издувни гасови, а енергијата ја добива од сет оловни батерии кои можат да се полнат со приклучување на електричлна мрежа што ја користиме дома. Едно полнење обезбедува автономија од 65 до 130 километри.

Доколку неможете да чекате да биде произведен родстерот Tesla тогаш појдете на интернет страницата на Hammacher Schlemmer и нарачајте си еден 120-M.P.H. Electric Car и верувајте ни и ние како и вие подеднакво сме шокирани од овој неверојатен автомобил и уште поневеројтани  технички податоци.

 

 

 

Facebook