Get Adobe Flash player
Евро против долар
06.08.2007
euro-1Доколку доларот продолжи да паѓа во однос на еврото САД може да станaт ново Мексико. Односно производителски рај по ниска цена за европските автомобилски марки и добавувачи.

Со цената од 1,38 долари за евро која се очекува да паѓа и понатаму европските производители мора да ги кренат цените, да го префрлат производството во поевтини држави како на пример САД, да станат поефикасни или пак да се задоволат со помал профит.

Помалку евра во касата сигурно не е опција. Значи останува релокација на производството.

Токму тоа и се случува на терен. BMW и Mercedes активно го селат производството во своите погони во Спартанбург, Јужна Каролина и Тускалоса, Алабама. VW исто така размислува за фабрика во Америка но за сега останува во своите погони во Мексико. Audi пак бидејќи продава само 10 проценти од своите автомобили во САД поисплатливо му е да се сели на пазари како Кина.

Други фабрики кои го следат природниот тек на анстаните е и Magna која неодамна загуби голема продукција што ги испразни погоните во Австрија.

Во моментов автомобилскиот пазар е под лупа но сеуште не може да се претпостави кој што ќе направи и во кој правец ќе почнат да се одвиваат плановите на производителите.

Сепак некои аналитичари сметаат дека доларот ќе падне на неверојатно ниски 1,5 долари за евро. Доколку се случи тоа постојат само две опции: или вредноста на доларот ќе мора да се смени или пак ќе се смени теркот на бизнисот.

 

 

 

Facebook