|
11.12.2007 |
Нагло зголемената продажба на автомобили во Централна и
Источна Европа наскоро би можела да го напрви стариот континент најголемиот
пазар за автомобили на светот кој ќе ги надмине дури и САД.
Секако дека до сега САД ја победуваа Европа кога станува
збор за продажба на автомобили но бројките остварени годинава велат дека таа
разлика е смалена многу и дека станува збор за малку повеќе од десетина илјади
возила.
Продажбата во првите десет месеци од годината достигна
бројка од 13.583.559 автомобили во САД, а во Европа 13.572.669 . Во споредба со
минатата година кога САД водеше во однос на Европа со разлика од околу 740.000
автомобили.
Големата бројка е и поради растот на продажбата во Велика
Британија и Италија, двата најголеми пазари во Европа. Додека во Европа
продажбата расте во САД драстично се смалува.
Минатата година во првите десет месеци во САД се продадоа
15.599.970 автомобили што е повеќе за 2.016.411 во однос на 2007.
Аналитичарите предвидуваат дека до крајот на годината во
Европа и во САД ќе се продадат грубо по 16 милиони автомобили, но следната
година евидентно е дека продажбата на стариот континент ќе ја надмине онаа на
новиот.
|