Купување возило во САД. Појава што се очекуваше да се
случи поради совршената комбинација на слабиот американски долар и значително
пониските цени на слични автомобили во САД.
Пресметката на давачките, превозот, цената на чинење на
нов автомобил и преработките што треба да се направат за автомобилот да биде
компатибилен со европските нормативи, вели дека со купување на автомобил во САД
европјанинот заштедува до 30 проценти од сумата што би ја издовил за истиот
автомoбил во Европа.
Ќе се согласите се работи за сума која воопшто не е за
потценување. Трговците со автомобили во САД се пресреќни од ваквиот развој на
настаните и веќе нудат комплетен аражман за превоз на автомобилот од Америка во
Европа.
Пред само неколку месеци беа загрижени за наглиот пад на
продажбата на нови автомобили поради високата цена на горивото и падот на
економијата во САД, но сега кога европјаните повторно ги открија дилерите цветаат.
Секако она што им годи на дилерите и на купувачите не им
годи на производителите на автомобили бидејќи тие сега неможат да ќаруваат од
повисоките маржи што ги ставаат на возилата што се продаваат во Европа и се
борат да најдат начин како да ја прекинат оваа пракса.
Купувањето на нов автомобил во САД е во подем. Индивидуалниот
увоз на возила од САД во Европа и покрај големиот број на процедури што треба
да се поминат расте.
Европјаните се свесни дека кај автомобил увезен на овој
начин престанува да важи и фабричката гаранција, но сепак желбата да се вози
нов автомобил и воедно значително да се заштеди е голема.
Производителите на автомобили формираат сопствени
инспекции и ги казнуваат дилерите кои се инволвирани со увоз и продавање на
нови автомобили увезени од САД. Но, нивната моќ престанува тука. Кога се во прашање користени
автомобили тие се апсолутно немоќни.
Примерот на еден Германец кој се одлучил да увезе
користен автомобил од САД кажува се. Во разговор со влијателниот весник Wall
Street Journal, човекот открил дека до сега увезол три автомобили од САД
и уштедил околу 31.000 долари. Тој една година стар Volvo XC90 го платил 36.000
долари, исто толку стар Volvo XC70 го купил за 27.000 долари и две
години стар BMW X3 го платил 27.000 долари.
Дури и кога на сумата за купениот автомобил ќе се додадат
царини, даноци, трошоци за бродски превоз и измените за задовлување на
европските норми тој направил проценка дека заштедил од 20 до 30 проценти од
цената што би ја платил за истите автомобили во Европа.
|