Get Adobe Flash player
Европските дилери бараат 20% од Opel
18.05.2009
opel-zgradi-1.jpgДилерите на Opel и на Vauxhall во Европа формираа асоцијација и доставија барање до германската влада за купување на 20% од акциите на Opel кои ги продава General Motors.

Барањето беше доставено вчера, а на него се потпишани 4.000 дилерски центри на Opel и на Vauxhall од цела Европа, кои со собраа на симпозиум во Виена каде што беше скроен планот да станат сопственици на 20% од Opel.

Европската дилерска асоцијација на Opel и на Vauxhall именувана како Euroda објави дека е во состојба да собере капитал од 500 милиони евра како би добиле убаво парче од компанијата.

За да се достигне наведената сума дилерите на Opel и на Vauxhall низ Европа ќе се откажат по 150 евра од профитот од секој продаден нов автомобил во следните три години.

„Планираме веднаш да ги започенеме разговорите со германската влада и со раководството на General Motors,” изјави претседателот на Euroda, Џап Тимер.

Сметаме дека купувањето на 20% од Opel воопшто не е едноставна работа. Тоа се многу средства, но веруваме дека тие ќе се вратат. Реално ќе биде многу потешко без Opel, отколку да се поседува дел од Opеl,” заклучува Тимер.

Најавата на Eurodа дека сака да стене сопственик на дел од Opel доаѓа отк aко Fiat и Magna веќе ги доставија своите планови до германската влада.

 

 

 

Facebook