Она што е прикажано на фотографиите е глетка која е непријатна
за секој искрен љубител на автомобилите. Не само за фановите на BMW. Но и
прикажаното е процес од животот на секој автомобил.
Да тргнеме од почеток. Секому е јасно дека за еден
автомобил да биде добар тој треба да е безбеден, издржлив, доверлив, технички напреден,
механички проверен и на сопственикот да му овозможи безгрижно користење.
За да се задоволат наведените параметри пред стартот на сериско
производство секој модел подлегнува на секакви возможни и невозможни тестирања.
Тестните пилоти на производителите и инженерите ги малтретираат возилата доведувајќи
ги до крајот на нивниот животен век.
На фотографиите во галеријата ќе имате прилика да го
видите процесот низ кој што минуваат веќе одслужените и непотребни тестни
автомобили на BMW.
Многумина ќе забележат дека автомобилите изгледаат како
нови, но реалноста е дека тие минале низ мноштво испитувања и тестови и дека
без оглед на надворешниот изглед тие се на крај од својот работен век и затоа
одат на рециклирање.
Процесот низ кој минува секој автомобил пред да биде
рециклиран е далеку од едноставен и бара време и не е баш пријатен за гледање.
Првично со помош на специјално конструирана машина се
активираат воздушните перници и се испуштаат сите течности како бензин, масла,
фреон, антифриз, течност за сопирачки...
Потоа полека автомобилите почнуваат да се демонтираат. Се
вадат гумите, амортизерите и целата механика. Во некои примероци моторите и
менувачите се зачувуваат за да послужат во некој друг автомобил, ли пк, во
лабораторија за тестирање на мотори.
На една од фотографиите ќе ја забележите Серија 7 без
предница. Автомобилот учествувал во краш тест. Тој е заслужен за безбедноста на
автомобилите на BMW, но по тестот единствено место кај што може да замине е тешката преса за
метал.
Кога од автомобилот е демонтирано се што вреди да се
демонтира, тогаш челична рака го крева и го става меѓу металните плочи на пресата
и со притискање на само едно копче луксузниот BMW се претвора во куп од метал.
Вработените во центарот за рециклирање на BMW Group во Минхен признаваат дека уништувањето на нините омилени автомобили е
непријатно, но дека со време се свикнале и на тоа.
Убавината во сета оваа работа е што згмечените и во пакет
спакувани атвтомобили наскоро повторно ќе се претворат во ламаринени убавици на
четири тркала. И тоа побезбедни, технолошки понапредни имеханички поиздржливи
од своите уништени претходници.
Секоjа година BMW
за различни потреби испитува преку 4.000 автомобили кои
веднаш по завршената задача завршуваат на рециклирање.
Симпатичниот куп метал прикажан на последната фотографија
некогаш бил Mini кое сега го краси центарот за демонтажа и рециклирање на BMW Group во Минхен.
|