|
21.05.2008 |
Автомобилската спортска икона Ferrari е
вистинска инсипрација за талентираните млади дизајнери кои доаѓаат на голема
врата и полека но сигурно го освојуваат светот на четири тркала.
Еден од нив е и Лука Серафини кој се обидел да го нацрта
наследникот на популарниот F430, а успешната креација добила малку неинвентивно име Ferrari
Concept 2008.
Сепак, се работи за еден успешен дизајн кој влече
инспирација од минатите и сегашните модели на Ferrari и кој
според Серафини може да стои како самостојна креација, но и да биде
препознатлив како Ferrari.
Серафини не сака автомобилот да остане само како цртеж.
Идниот план е да се изработи модел во глина во размер 1:4 кој ќе
настапува на конкурсот за млади дизајнери што се одржува во Торино.
Ова не е прва успешна креација на Серефини. Млaдиот
италијански дизајнер го познаваме преку претставувањето на уште еден успешeн концепт Lamborghini
Embolado кој треба да биде поставен на основата на Gallardo, но нуди
многу повеќе агресивност од оригиналот.
|