Сите го знаат суперавтомобилот Ferrari FXX кој
всушност претставува покретна лабораторија за примена на новите технологии што
се развиваат во погоните на производителот од Модена.
FXX служи како тестно возило и за технологиите развивани за
на улица и за на патека. Но, неговиот 6.2 литарски V12 наскоро би
можел да замине во пензија. Заради поголема ефикасност инженерите во Ferrari
размислуваат да го заменат гломазниот V12 со V8 битурбо
кој ќе се вградува и во наследникот на Enzo кого го очекуваме
во 2012.
Ferrari користеше сличен мотор и за својот F40, првиот
суперавтомобил на планетава, но оттогш работите се сменија и производителите
почнаа да вградуваат поглми V10 и V12 машини во
своите суперспортисти.
Причината зошто во Ferrari размислуваат
да користат битурбо V8 во својот следен суперавтомобил е бидејќи повеќе не
размислуваат да се натпреваруваат со останатите производители во
непродуктивната битка: кој ќе произведе помоќен мотор.
„За нас не е само прашањето на моќта. Треба да избереме
дали сакаме повеќе моќ за Enzo или помала тежина,” вели техничкиот директор на Ferrari,
Роберто Федели.
„Доколку сакамеавтомобил со истиот сооднос на
тежина/моќност како кај FXX, тогаш ќе мораме да штедиме на тежина. Во тој случај
најсоодветен мотор би бил V8 битурбо. Но, во тој случај ќе мораме да развиеме сосема
нов мотор почнувајќи од нула.”
„FXX ќе тестира некои нови иновации кои ги подготвуваме за
новиот Enzo,” вели Федели. „Имаме отприлика околу година до година и
половина за да се определиме за солуциите пред да почнеме со работа на новиот
автомобил.”
|