|
На аукцијата RM Sporting Classics која се одржува во Монако родстерот на Ferrari, 400 Superamerica произведен далечната 1962 беше продаден за баснословна сума од 2.800.000 европски банкноти.

По продажбата на Ferrari 400 Superamerica организаторите на аукцијата изјавија дека тоа е рекордната цена што некогаш ја постигнал овој класичен модел на производителот од Маранело.
Бројката на автомобилот ја означува и гoлемината на серијата. Имено Ferrari 400 Superamerica бил произведен во лимитирана серија од само 400 примероци, но само 6 примероци биле произведени со тврд кров со можност за вадење.
Имено таков бил продадениот примерок што воедно е и причина за релативно високата цена постигната на аукцијата RM Sporting Classics во Монако.
Под хаубата на родстерот е спакуван 4.0 литарски атмосферски бензинец V12 кој е задолжен за да обезбеди уживање во возењето со ветар в коси благодарение на на моќноста од 340 КС и максималната брзина од преку 230 km/h.
Овој Ferrari 400 Superamerica дизајниран од Pininfarina во 2005 бил комплетно реставриран и учествувал на конкурсот на елеганција во Peeble Beach.
Иако совршено реставриран и платен скапо продадениот Ferrari 400 Superamerica не е најскапиот Ferrari што некогаш е продаден на аукција. Всушност тој е и еден од оние со понизок ценовен ранг.
Пред три години во 2008 родстерот Ferrari California Spider од 1961 достигна цена од 11 милиони долари. Следната 2009 уникатниот модел Ferrari 250 Testa Rossa од 1957 беше продаден за 12 милиони долари на аукција организирана во Маранело.
Секако ниту овие не се рекордни суми што некогаш се дадени за еден модел на Ferrari. Рекордот убедливо го држи тркачкиот автомобил Ferrari 250 GTO кој што во септември 2008 на аукција во Британија достигна цена од 15,7 милиони фунти или околу 18,5 милиони евра, односно околу 23,5 милиони долари.
Името на анонимниот купувач не е откриено ниту ден денес.
|