|
16.11.2007 |
Факт е дека Fiat 500 во себе носи
повеќе историско наследство и освоил повеќе срца од било кој мини автомобил до
сега направен, освен можеби исто така славниот Mini.
Исконскиот автомобил на Fiat, 500 или Cinquecento
- што на италијански буквално значи „500” – ги освојуваше срцата на милиони
возачи во периодот од 1957 до 1975.
Од неговото воскреснување во 2007 малечкиот 500 докажа
дека љубовта никогаш не умира. И денес дополнително ја зацврсти својата позиција
во историјата со освојувањето на престижната награда Европски автомобил на
годината за 2008.
Опевањата на новинарите за неговиот стајлинг е една
работа. Но, да се освојат гласовите од жирито составено од 58 новинари од 22
држави и седум најеминентни магазини за автомбили е нешто сосема друго.
Секако 500 успеа и во тоа. И со прилично голема
разлика од 60 поени во однос на второпласираната Мazda 2. Третото место и
припадна на Kia Cee’d едвај неколку бода зад Mazda 2. Nissan
Qashqai и Mercedes Класа С ги заокружија првите пет места.
Fiat 500 ги освои критичарите со својот совршен микс на модерен и
ретро стил и интериер кој неуморно ги комбинира убавината и функционалноста.
Поставен на истата основа како Fiat Panda, 500 исто
така е економичен и достапен градски автомобил.
 
|