Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Fiat 500 Pepitа
12.02.2008
fiat-500-pepita-gold-24k-1.jpgАвтомобилов вреди суво злато. Можеби и затоа што е прекриен со 24 каратна златна боја, или, опишано подетално, боја во вид на прашок од микронски честички на 24 каратно злато.

Овој Fiat 500 кој беше претставен на луксузниот настан Scrigno Tresori во Рим од страна на куќата за кастомизирана изработка на автомобили StudioM е наречен Pepita.

Компанијата StudioM е позната по студијата на Maserati Quattroporte која минатата година беше изложена на истиот настан и исто така беше прекриена со боја од 24 каратна златна прашина. Но, за годинава во StudioM одлучија да отидат подалеку вградувајќи во малечкиот 500 цел асортиман од драгоцености.

Списокот вклучува леснометални бандажи од OZ и гуми Pirelli P Zero Nero обоени во златна боја, апликации од австралиски бисери на арматурата, рачката од менувачот и рачната сопирачка. Педали поставени со кристали од Swarovski и патосници изработени од кашмир.

Звучи привлечно? Доколку се пронаоѓате себе си во еден ваков накит на четири тркала ќе мора да одвоите најмалку 60.000 евра. Но, во StudioM секогаш се подготвени да ви подарат уште повеќе ексклузивност за вашите ценети пари.

Дополнително вашата Pepitа може да носи интериер преслечен во кожа од крокодил, змија, ајкула, ража, па дури и гуштер. Воедно кристалите од Swarоvski можат да бидат заменети со било кој од 48. познати драгоцени камења.

И кога сето ова ќе го подмирите ви останува само да се информирате колку чини чување на автомобил во Форт Нокс на годишно ниво.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook