Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Fiat 500 поклон за Barbie
09.03.2009
fiat-500-barbie-1.jpgFiat 500 повторно е главна тема на медиумите ширум светот. Причина е новот издание специајлно подготвено како роденденски подарок за најпознатата модна кукла на светот Вarbie.

Ова специјално издание на Fiat 500, кое произлезе од соработката меѓу дизајнерскиот оддел на производителот од Торино, Fiat Centro Stile и најголемиот производител на играчки на светот компанијата Мattel, денес, во Милано, ќе и биде подарено на Вarbie на прославата на нејзиниот 50. роденден.

Овој 500 дефинитивно е автомобил кој личи како да излегол од светот на модата исто како и самата Barbie. Уникатната розова боја треба да шокира на прв поглед и поради тоа ја бои и внатрешноста.

Двобојните седишта се обложени со исклучително мека алкантара која се користи и за обложување на вратите и кровот. Низ патосниците се проткаени свилени конци кои сјаат и во темница.

Фиоката пред совозачот во себе содржи цела палета од кармин за усни со многу нијанси на розева боја, а за шминкањето да биде безгрешно се грижат светликите во сенилата за сонце од светлечки диоди кои светат со бела светлина за што пореален приказ на лицето во огледало.

Но, ова е само дел од додатоците во кои ќе ужива Barbie. Кристали светкаат поставени на отворите за проветрување, околу свирката на воланот, тркалезните копчиња и беџот на арматурата, антената надвор и еден куп други детали.

Автомобилот јавно ќе се појави вечерва во 18:30 часот на влезот од модната куќа La Rinascente на Piazza Duomo во модниот кварт на Милано. Во него секако ќе се вози Barbie, а зад воланот ќе биде нејзиниот верен другар Кен.

Вarbie ќе излезе од автомобилот и ќе прошета по за нејзе специјално поставениот розов тепих, а незиното дефиле ќе го прати бендот Nena кој ќе ги свири најпознатите поп хитови во изминатите 50 години од постоењето на модната кукла.

Роберто Џиолито креаторот на Fiat 500 е одушевен од изборот на новиот автомобил за Barbie. Познатата кукла до сега се возела во многу скапи автомобили, но ваквиот избор ја прави надмена, особина која не оди на рака со новото време.

Според него токму Fiat 500 претставува нешто ново.

Да се сонува за едноставни работи во животот, работи кои се лесно остварливи и кои овозможуваат духот да се исполни, човекот да се опушти и да сознае дека треба да ужива во животот место да го мине во постојано докажување.

Се на се, новото издание на Barbie го прославува својот голем роденден со модел кој нуди поубав поглед кон сонцето и ѕвездите.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook