Баварскиот производител на автомобили веќе подолго време
бара соодветен партнер за развој на заеднички платформи и мотори и се чини
конечно среќата му се насмеа.
Откако не се остварија плановите за соработка со францускиот
PSA и конкурентот од Штудгарт, Mercedes, BMW конечно
најде заеднички јазик со Fiat. И италијанците немаа толку среќа нивните планови за
соработка со Mercedes исто така пропаднаа. Но, се чини ставен е крај на
неволјите.
Fiat и BMW имаат намера во блиска иднина да започнат со заеднички
проекти за создавање на нови платформи и мотори. Прв таков проект е создавањето
на новата генерација на Mini и Grande Punto.
Втор и секако малку подалечен план е создавање на
плтаформа на која ќе бидат поставени BMW Серија 1 и некои
нови модели на Alfa Romeo.
Ова го потврдува еден од шефовите на BMW, Фридрих
Ајхајнер кој најави заедничкиот развој на платформи и компоненти меѓу BMW и Fiat се
однесуваат во прв план на Mini и на Alfa Romeo.
Според него преговорите со Fiat завршиле
успешно бидејќи компанијата е отворена за соработка и има големо искуство во
соработка со други компании како PSA, Suzuki, Ford па дури и Tata.
А од големо значение е и фактот што Fiat сеуште гаи
тесни врски со General Motors.
Меѓутоа соработката меѓу BMW и Fiat нема да се
задржи само на план на развој. Со најавата на Fiat, поточно
на Alfa Romeo за враќање на пазарот во САД во
договорот со BMW е вклучено дилерската мрежа на Mini да и
дозволи на Alfa Romeo да продава свои модели во нивните
продажни салони.
На овој начин Alfa ќе има солидна
основа за враќање на најзначајниот пазар на автомобили на светот.
|