Безбројните превирања од почетокот на годината околу
купувањето на безмалку банкротираниот Chrysler од страна на Fiat конечно ќе
завршат со формирање на една нова стратегиска алијанса.
За Chrysler банкротот и потоа купување од Fiat е
единтвената опција. Ова го потврди и новиот претседател на САД, Обама и најави
дека партнерството со Fiat има големи изгледи за успех.
Секако брзото банкротирање и формирањето на алијанса со Fiat воопшто
нема да влијаат на производството и на продажбата. Воедно сопствениците кои
веќе седат зад волан на некое од возилата на Chrysler нема
потреба да се плашат ниту за гарантните периоди.
Имено зад гарнацијата на нивните возила ќе стои трезорот
на САД кој на Chrysler ќе му позајми дополнителни 7,5 милијарди долари за
безболно преобродување на процесот на банкрот.
Проценките се дека алијансата Fiat – Chrysler ќе вреди повеќе
од 10 милијарди долари пари кои ќе му помогнат на американскиот гигант да ги
сочува местата на повеќе од 5.000 вработени.
Според извршниот директор на Chrsyler, Боб Нардели
кој ќе си замине од функцијата по завршување на здружувањето, „Партнерството со
Fiat ќе го претвори Chrysler во просперитетна
нова компанија со богатство од стартегиски предности.”
„Алијансата ќе му овозможи на Chrysler подобро да
им служи на своите клиенти и дилери низ цел свет и да создаде нова линија на
производи кои ќе бидат поквалитетни, поштедливи и позелени,” истакнува Нардели.
Претседателот на Fiat, Серџио
Маркионе подеднакво позитивно гледа на формирањето на новата алијанса. „Нашата
вистинска работа околу здружувањето што туку започна, но заедно со нашите
партнери од Chrysler очекуваме целосно да го испорачаме потенцијалот што го
носи алијансата и од кого ќе профитираат нашите клиенти, како во Европа така и
на пазарот во Северна Америка, пред се од европските марки Alfa Romeo, Fiat и Lancia.”
На почеток од формирањето на алијансата Fiat ќе
поседува 20% од Chrysler со можност за зголемување на уделот за дополнителни 15%
распоредени во три фази од по 5%.
Првите 5% одат за обезбедување на платформа на автомобил
кој ќе има просечна потрошувачка од 5,8 L/100 km, понатаму
5% за обезбедување на фамилија од ефикасни и штедливи мотори кои ќе се
произведуваат во САД и 5% откако ќе му овозможи на Chrsyler да ја користи
неговата дистрибутивна мрежа која се простира низ цел свет.
„Секако ќе мора да се соочиме со огромните промени кои ќе
се случуваат паралелно со имплементирањето на новините во компанијата. Но, на
крај сето тоа ќе резултира во една просперитетна компанија кој ќе може да
одговори на предизвиците и на потребите на пазарот кои претстојат во иднина,”
заклучува Нардели уште еднаш поздравувајќи го основањето на новата глобална
алијанса Fiat – Chrysler.
|