|
Работата на дизајнерот од Белгија, Дејвид Кардосо е позната и безмалку нема љубител на автомобили којшто не знае за него и за неговите креации на кои можат да му позавидат и производителите.

Едно од неговите највпечатливи остварувања е креација на концептот на BMW M6 и додека сеуште трае фамата околу него Cardoso Design како што се нарекува неговото атеље се свртува кон модел на Fiat.
Станува збор за Fiat Primo од Cardoso автомобил кој треба да биде купе и кабриолет во едно и да биде поставен на платформата која што сега ја користи малечкиот Fiat 500.
Концептот на Cardoso влече дел од стилот на Fiat 500, посебно во предниот дел каде царуваат округлите светла кои дефинитивно наликуваат на очи со веѓи над нив кои ги имитираат совршено вкомпонираните трепкачи.
Од зади Cardoso сакал неговото купе/кабриолет да наликува на славниот Fiat 128 кој сеуште се вози по нашите улици во облик на Zastava 128, но светлата повеќе наликуваат на дизајнерска варијација на тема Fiat 500.
Со силните најави за Abarth Coupe се очекува дека Fiat планира токму еден ваков автомобил кој како и во минатото одлично би проаѓал на пазарот во Европа, но и во САД.
|