Get Adobe Flash player
GM конечно објави банкрот
02.06.2009
gm-logo-skrseno-1.jpgБанкротот на General Motors e третиот најголем банкрот на една компанија во Соединетите американски држави, по банкротирањето на банкарскиот гигант Lehman Brothers и телекомуникацискиот гигант WorldCom.

Сега General Motors ќе се раздели на две компании со цел да се преструктура и да се спаси се што може да се спаси од пропаднатата компнија. Едниот дел ќе биде така наречениот Стар GM, каде ќе останат сите дејности кои носат загуби вклучувајќи ги и погоните за производство кои ќе бидат затворени.

Вториот дел ќе биде Нов GM ќе му припаднат само добрите дејности кои носат заработка, а тоа се марките Chevrolet , под кого спаѓа и Corvette и Cadillac заедно со сите нивни погони.

Со поддршка од државата најверојатно ќе бидат затворени 11 фабрики и во уште три ќе биде замрзнато производството. Банкротот ќе му овозмможи на GM да позајми 30.1 милијарди долари заем од државата.

Во замена за заемот државата ќе откупи 60% од соптвеноста на компанијата, додека од одделот што се наоѓа во Канада, канадската влада ќе стане сопственик на 12.5% од делот на GM.

Со превземање на компанијата американските власти ќе можат да ги заменат сегашните управни органи на General Motors со свои, додека пак канадските власти ќе се вклучат околу определување на претседател на Бордот на директори.

Поставената цел на властите во САД и во Канада е компанијата да работи со профите при продажба на 10 милиони автомобили годишно. Во претходните годишни планови на GM требаше да продаде 16 милиони автомобили годишно за да биде рентабилен што се покажа како грешка бидејќи овие планови неможеа да се остварат.

На овој начин властите очекуваат дека успешно ќе успеат да ја закопаат и повторно да ја воздигнат од пепел компанијата која е основана во 1908, во моментов апослува 250.000 вработени ширум светот и продава автомобили во 140 држави.

General Motors крахираше поради високите трошоци за производство и крахот на досегашниот кредитен систем во САД, предизвикан од големата економска криза. Само минатата година загубите на GM изнесуваа 30 милијарди долари.

Заедно со своите марки Buick, Cadillac, Chevrolet, GMC, GM Daewoo, Holden, Hummer, Pontiac, Saab и Saturn, General Motors беше најголемиот производител на автомобили на светот цели 77 години вклучувајќи ја и 2007.

Според гаранциите кои дојдоа од САД, одделот GM Europe под кого спаѓа и Opel нема да биде засегнат од банкротот на компанијата. Затоа по одобрувањето на германските власти избраната команија за купување на Opel, кандско-австрискиот гигант Magna продолжува да ги финализира разговорите за превземање на Opel.

 

 

 

Facebook