|
Доколку сте мераклија да патувате со автомобил и со својот миленик на четири тркала одите на море разочарува фактот дека со него неможете да го продолжите патувањето и низ брановите.

Сепак, сопствениците на преку 50 амфибии кои се собраа на традиционалната 26 амфибиска средба на швајцарското езеро Њушател не мислат така. За нив да се продолжи патувањето е императив.
Вљубениците во патувањето на копно и во вода во едно превозно средство на собирот ја покажаа убавината на своите патувачко-пловни објекти, од рачно изработени уникати, преку воени возила, до сериски произведувани.
Најбројни беа германските модели Amphicar произведувани сериски во 1960-те. Amphicar е првото амфибиско возило кое се произведувало во големи серии почнувајќи од 1961 година.
Производството траело се до 1968 година, до кога се произведени точно 3.878 примероци. Amphicar е конструкторско дело на инженерот Ханс Трипел и доаѓа како кабриолет со четири места за седење.
Движечката сила доаѓа од четирицилиндричниот мотор на Triumph кој од зафатнина од 1.147 сс успевал да извлече 43 КС и да ја турка 4.343 mm долгата, 1.549 mm широката, 1.524 mm високата и 1.050 kg тешката амфибиа до 110 km/h.
Секако податокот е за на копно. Во вода Amphicar плива со брзина од 7 јазли, или 13 km/h. Развојот на Amphicar напредувал заедно со производството па така последните примероци имале мотор од 1.5 литри со 76 КС.
За квалитетот на изработката говори фактот дека во светот сеуште се возат преку 700 примероци во одлична кондиција.
|