|
07.11.2007 |
Ова е изјавата на еден од најголемите умови меѓу европските производители
на автомобили. Шефот на одделот за развој на VW, Др Јурген Лоехолд.
Тој смета дека автомобилите со погон на горивни келии како што е и неговото
чедо развојниот модел HyMotion Touran не се иднината на алтернативниот погон и се
развиваат само за да ги задоволат секогаш строгите закони за емсисија на
издувни гасови во Калифорнија.
Опишувајќи ги како „маркетингшка вежба” тој вели дека нивниот голем проблем
лежи во производството на водородот како гориво потребно за да ги задвижува и
воспоставувањето на инфраструктура од станици за полнење на водород.
„Бидејќи водородот сеуште треба да се произведува со користење на
постоечките извори на енергија, емисијата на СО2 сеуште претставува проблем,”
дополнува Леохолд.
Наместо горивните ќелии Лоехолд цврсто верува дека иднината лежи во
биогоривата и во моќноста добиена од батерии и верува дека ќе бидеме сведоци на
неверојатен напредок во технологијата на изработка на батерии во следните пет
години. „Тоа веќе е евидентно во батериите наменети за мобилните телефони и за
компјутерите,” вели тој.
General Motors веќе најавува дека ќе го пушти во сериско производство својот Chevrolet Volt погонет само со батерии
до 2010. Оваа одлука се потпира токму на големиот напредок направен во
батериската-технологија.
|