|
21.12.2011 |
|
Крадците на автомобили во руската престолнина Москва најмногу ги интересира Honda Accord која се ноѓа на прво место по бројот на кражби во текот на годината велат службите за обезбедување.

Интересно е што генерално крадците на автомобили во Москва преферираат јапонски автомобили, барем така вели истражувањето на компанијата која се занимава со производство на системи за следење „Ешелеон Геолајф”.
Покрај Honda Accord високо на списикот на најкрадени се наоѓаат Mazda 3 и Honda CR-V, a тука се и Toyota Camry, Honda Civic, Toyota Corolla, Lexus RX, Toyota Land Cruiser.
Одговорните за истражувањето од „Ешелеон Геолајф” нагласуваат дека во годината што измина интересот на крадците се сменил и полека мета стануваат корејските автомобили.
Истражувањето воедно прикажало серизони податоци за степенот на кражба на нови автомобили. Имено во Москва во првите десет месеци од годината се украдени 10.600 автомобили, или 1.060 месечно, или по 35 автомобили на ден.
|