|
Во годинешното издание на германскиот магазин Auto Bild Qualitatsreport 2010 корејскиот производител на автомобили Hyundai застана на првото место според квалитетот на своите автомобили.

Марката од Јужна Кореа кој се наоѓа во постојан подем годинава беше крунисана со позитивен извештај за квалитет на своите автомобили. Така корејците застанаа пред останатите производители вклучувајќи ги тука и до сега најсилниот конкурент Toyota, но и реномираните германски марки како Audi, BMW и Mercedes.
Годишната класификација за квалитет на автомобилите на Auto BIld се прави врз основа на седум критериуми: прва е анкетата на 9278 возачи направена од германскиот завод GfK, условите за гаранција кои ги даваат производителите, спроведените сервисни кампањи од производителите, тестот на издржливост на Auto Bild од 100.000 km, поплаките што ги добил Auto Bild на своја адреса од читатели, проверка на квалитетот на работа на официјалните сервиси и на крај информациите што доаѓаат од техничката проверката на 7,5 милиони автомобили од страна на ренимираниот TUV – Technische Uberwachung Verein.
Интересно е што од 2001 до лани први на списокот на Auto Bild според квалитет беа двете јапонски марки Toyota и Mazda. Годинава поголем дел од производителите ги сочувале позициите од лани, а само Hyundai и Honda бележат голем напредок од кои напредокот на Hyundai е најзначителен.
„Голема чест е да го добиеме ова престижно признание особено на пазар со толку силна конкуренција како што е пазарот во Германија,” изјави Алан Рашфорд вицепретседател на Hyundai Motor Europe.
„Hyundai за првпат ги престигна марките кои се синоним за доверливост и квалитет,” заклучи Рашфорд.
На сликата долу е прикажано како излгеда топ 20 за квалитет на германскиот магазин.
|