Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Има ли Гадафи акции во Fiat?
04.04.2011

Информацијата доаѓа од Wikileaks и вели дека Муамар Гадафи кој е на чело на Либија во последните 42 години и управува со финансиите на богатата арапска држава има мал дел на акции во Fiat.

muamar-gadafi-1-2011-1

Пред 35 години, поточно во 1976 година Гадафи купил дел од Fiat во вредност од 415 милиони долари. За дадената сума Гадафи добил 14% од акциите на италијанскиот гигант.

Меѓутоа четири година подоцна во 1980 година Fiat ги купува назад акциите кои веќе вределе 3,1 милијарда долари. Иако скапа оваа транскација морала да се случи бидејќи пречела на трговските односи на Fiat со САД.

Меѓутоа после 31 годинa откако Fiat го откупил акциите од Либија, Wikileaks тврди дека Гадафи поточно државната компанија под негово раководство Libyan Arab Foreign Investment Company сеуште поседува 2% од акциите на Fiat.

Наводно информацијата доаѓа директно од американскиот Стејт Департмент кој наоѓа замерка во здружувањето на Fiat и Chrysler и бара оваа неправилност да се исправи, односно Fiat да го регулира односот со Гадафи.

Секако во Fiat ги отфрлаат ваквите тврдења и наведуваат дека ниваната соработка со Гадафи e прекината во 1980 година кога се откупени сите акции што Либија ги поседувала во италијанската компанија.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook