Get Adobe Flash player
Испорака на Lamborghini Reventon
13.05.2008
renton-otpakuvanje-1.jpgСтанува збор за испорака на ексклузивниот Lamroghini Reventon, кој ќе биде произведен во лимитирана серија од само 20 примероци, на дилерот на марката во Лас Вегас.

И тоа не било кој примерок туку за првиот од дваесетте и како што велат во Lamborghini станува збор за единствениот примерок што ќе се продава на вообичен начин преку дилер и е достапен за купувачите, поточно за оној што ќе си го види прв.

Останатите деветнаесет примероци се веќе резервирани однапред уште пред да стапнат на производствената линија така што за сите оние што сакаат да седнат зад воланот на Reventon, а него нарачале пртходно ова е единствената прилика.

Можеби и некој среќник во Las Vegas од казино ќе скокне веднаш кај дилерот на Lamborghini, бидејќи инвестицијата во еден редок Reventon на крајот може да биде многу поисплатлива.

Во секој случај испораката на Reventon забележана на фотографиите е доказ дека најдобрите подароци сепак, не доаѓаат во малечко пакување.


 

 

 

Facebook