|
Во Турција се подготвува најголемиот центар на светот за продажба на нови автомобили. Мегаломанскиот проект во чест на неговото величество автомобилот кој ќе се гради во Истанбул се нарекува Autopia.

Autopia ќе биде најголемиот автомобилски мол на планетата ќе има сопствена писта на кровот каде купувачите ќе можат да ги тестираат возилата за кои се интересираат без да го напуштат центарот.
Градските татковци на Истанбул кој брои 17 милиони жители веруваат дека еден ваков проект одлично ќе одговара со хаотичниот начин на живеење во градот и ќе им помогне на жителите да не губат многу време при купување нов автомобил.
Центарот ќе располага со површина од 190.000 m2 ќе има 900 места за паркирање, додека бројните автомобислки салони ќе бидат распоредени на пет спрата секој со висина од 6 метри.
Autopia треба да здоми 200 дилерски фирми, плус фирми кои се занимаваат со продавање пратечка опрема врзана со автомобилите. За да услогата биде комплетна во центарот ќе работат 48 автосервиси, 24 банкарски експозитури, 42 експозитури на осигурителни компании и 56 ресторани.
Во Autopia оние што купиле нов автомобил ќе имаат можност и веднаш да го регистрираат. Оваа услуга ќе важи како за жителите на Истанбул, така и за жителите од други места во Турција.
Реализацијата на проектот е веќе во тек. Останува да видиме кога Autopia ќе заживее и дали ќе го исполни планот од 1.000 продадени автомобили дневно.
|