|
По повод јубилејот на Mercedes 125 години од создавањето на првиот автомобил во светот, Mercedes-Benz и застапникот за Македонија МакАутоСтар организираат конкурс за најдобар млад дизајнер.

Конкурсот под наслов „Mercedes - дизајн на иднината” има за цел да го пронајде најдобриот млад дизајнер во Македонија. Mercedes-Benz МакАутоСтар, како една од најстарите компании во автомобилскиот бизнис во Македонија до сега поддржа огромен број проекти од разни области на општественото живеење.
Така и сега, Mercedes-Benz МакАутоСтар, како социјално одговорна компанија сака да им овозможи на сите студенти и млади невработени луѓе до 30 годишна возраст, да ја искажат својата способност и талент и да креират дизајн кој ќе се базира на досегашнииот развој на Mercedes низ изминатите 125 години, како и врз основа на денешните вредности на марката.
„Mercedes-Benz МакАутоСтар како компанија се грижи за сите, почнувајќи од младите со изразен спортски и динамичен дух, до повозрасните чиј престиж и успех постојан се следи преку имиџот и филозофијата на автомобилите на Mercedes-Benz кој гласи: Најдобрите секогаш го сакаат најдоброто,” вели директорот на Mercedes-Benz МакАутоСтар патнички возила, Марко Јовановски.
„А да се биде најдобар, значи да се биде прв во откривање на многуте технички достигнувања, да се создаде најбезбеден, но и автомобил со дизајн кој мами воздишки. Тоа е така во изминативе 125 години и тоа е главниот мотив на Mercedes-Benz. Токму во духот на слоганот на марката низ овие 125 години на иновации сакаме успешната приказна да продолжи и во Македонија преку конкурсот за најдобар дизајн,” заврши Јовановски.
Ова е прв конкурс од ваков вид на Mercedes-Benz МакАутоСтар и планот на компанијата е истиот да стане традиција. Условите за учество и процедурата на изработка на проектот може да се најдат на интернет страницата www.mercedes-benz.mk, но заинтересираните можат да добијат одговори и ако директно се обратат на email: marketing@makautostar.com.mk.
Во врска со конкурсот Mercedes-Benz МакАутоСтар планира да се направат неколку предавања на факултетите низ државата за поблиско запознавање на студентите со идејата на проектот.
„Целта на проектот е да се изработи дизајн студија, под наслов Mercedes дизајн на иднината. Изработката, предавањето на трудот и оценувањето ќе трае 125 дена, за да се запази духот на годината на јубилејот на Mercedes, 125 години од создавањето на првиот автомобил на светот. На тој начин ќе се оствари сонот на таткото на првиот автомобил Карл Бенц. Сонот или добрата визија е тоа што не движи сите нас за да станеме успешни и да го споделиме успехот со осатантите,” вели директорот за маркетинг на Mercedes-Benz МакАутпСтар, Владица Кокаловиќ.
Победникот на конкурсто ќе биде објавен кон крајот на месец јануари следната година и ќе биде награден со патување во срцето на Mercedes-Benz главната фабрика во близина на Штудгарт каде ќе има можност да се запознае со целосната програма на фабриката и со луѓето кои стојат зад најстарата марка автомобили на светот.
Историски факт
Во 1885 година Карл Бенц го конструира и го изработува првиот автомобил кој што се движи со мотор со внатрешно согорување. На 29 јануари 1886 година го патентира својот изум и токму овој датум до ден денешен го симболизира денот кога е измислен првиот автомобил на светот. Првиот патент на Крал Бенц е заведен под бројот DRP No. 37435 и истиот се однесува на моторно возило на три тркала за чив погон се користи бензински мотор.
|