Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Избран победникот на Peugeot Design
06.10.2008
peugeot-design-rd-1.jpgГодинешното натпреварување на Peugeot Design, кое се одржува петта година по ред за млади и надежни дизајнери, заврши и го доби својот победник за 2008 концептот RD.

Како што пишувавме претходно, од вкупно 2.500 кандидати, кои ги испратија своите дела на адресата на Peugeot Design во обид да ја погодат годинешната тема да се замисли Peugeot во мегалополисите на иднината низ целиот свет”, само 29 влегоа во потесен круг, а од нив само на еден му е укажана прилика да ја претстави својата визија изработена во вистинска големина на салонот во Шангај во 2009.

Победникот е 25 годишниот дизајнер од Колумбија, Карлос Артуро Торес Товар кој доби најголем број на гласови и преку гласањето на Интернет и од страна на жири комисијата за својот автомобил наречен RD.

Покрај изработката на комплетниот проект, дизајн и инженеринг, во вистинска големина и прикажување во Шангај, колумбиецот ќе добие и парична награда од 10.000 европски банкноти.

Како што и се очекуваше од зададената тема безмалку сите студии беа фокусирани на создавањето на иновативен мал градски автомобил.

Некои од креациите беа навистина чудни како што е проектот Ego на турскиот дизајнер Емре Јазици кој има само две тркала и се управува преку џојстик.

И додека повеќето дизајнери креираа едноседи задвижувани од електромотор, хрватот Иван Краљевиќ со проектот Rayo предложи спортски автомобил со хибриден погон за да се задоволи грижата за животната средина.

Минатата година победник на Peugeot Design беше романецот Михаи Панаитеску. Неговиот концепт Flux беше избран од дури 4.000 пријавени кандидати на стартот од натпреварот.

Подолу е галерија на победничкиот концепт RD заедно со второ и трето пласираните концепти Ego и OXO.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook