Кралското здруженија за превенција на несреќи издаде
соопштение во кое се предупредува дека со сменување на сметањето на времето се
зголемува и бројот на несреќи.
На 28 октомври поточно во 3 часот во недела наутро ќе
почне зимското сметање на времето при што часовниците ќе треба да се вратат
еден час наназад.
Ова значи дека утрата стануваат посветли но исто така
значи дека денот станува покус и самракот доаѓа порано навечер. Кралското
здруженија за превенција на несреќи тврди дека годишно ќе се спречат 450 жртви
или повреди со тешки последици доколку сметањето на времето во зиме остане како
во лете, однсоно да не оди еден час на назад, а лете да отиде еден час на
напред во однос на сегашното.
Намалената видливост и лошите патни услови предизвикани
од темните зимски вечери се главната причина за ваквиот наплив на сообраќајни
несреќи. Сегашната ситуација сите ги иправува пред ризик посебно оние што се
најранливи, децата и постарите лица.
Кралското здруженија за превенција на несреќи тврди дека
повеќе несреќи се случуваат во долгите зимски метежи навечер отколку наутро.
Токму поради тоа имањето на посветли квечерини има повеќе смисол отколку имање
на посветли утра.
Доколку безбедноста на патиштата не е доволна сама по
себе, Кралското здруженија за превенција на несреќи наведува дека исто така ќе
нема намалување во активностите на луѓето кои преферираат да се движат дење.
Автоматски се зголемува живоста во градовите, секојдневните активности
остануваат на исто рамниште од што ќе профитира целото опшество, а воедно би
имало и заштеда на енергијата.
Сите ние сме за кога станува збор за безбедност на
патиштата и за посветлите вечери. Но, малку не буни заштедата на енергијата.
Бидејќи колку што е познато сегашниот начин на сметање на времето е токму
поради заштеда на енергијата.
|