Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ја позлатија Tata Nano
29.12.2010

Најевтиниот автомобил на светот Tata Nano преку ноќ стана еден од најскапите автомобили на светот, откако во Tata Motors одлучија да ја посипат со чисто злато од 24 карати и скапоцени камења.

tata-nano-zlatna-2010-1

Целта на украсувањето е чисто за рекламни потреби и не се наведува сумата која е издвоена за да се добие скапоцен Tata Nano кој ќе биде изложен на посебно место во фабриката во Бангалор.

Секако ова и е потребно на Tata бидејќи побарувачките за Nano нагло паднаа после серијата самозапалувања и други проблеми со кои се сретнуваа новите сопственици на најевтиниот автомобил на светот.

Tata неодамна одлучи да ја зголеми гаранцијата, а како дел од програмата за подобрување на продажбата се и вградувањето воздушни перници, чисто електрична верзија и многу дополнителна опрема.

Сето ова е дел од програмата и за освојување на странските пазари бидејќи според најавите се подготвуваат верии за пазарите во Европа и во САД.

Дизајнот на позлатената Tata Nano e избран на посебен интерен конкурс на кого се пријавиле 13 дизајнери кои работат во Tata Motors. Во финале влегле тројца, а од нив е избран победничкиот дизајнер.

На фотографиите е победникот и двајцата финалисти.

Tata Nano победник

Tata Nano финалисти

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook