Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Јапонците сеуште не произведуваат
17.03.2011

Трите јапонски производители на автомобили Toyota Motor, Nissan Motor и Honda Motor сеуште неможат да го рестартираат производството кое целосно беше сопрено пред неколку дена.

japonija-zemjotres-2-2011-1

Од трите компании пристигнуваат информации дека заради земјотресите производството нема да може да стартува наново пред почетокот на следната седмица.

Toyota вели дека работниците ќе се вратат во погоните за производство најрано на 22 март, но остава место за резерва бидејќи се зависи од активноста на тектонските плочи.

Според гласноговорникот на марката забележано е и намалување на производството во погоните во Северна Америка заради недостаток од репроматеријали и делови кои доаѓаат директно од Јапонија.

Интересно е што Toyota ги има на лагер потребните делови за фабриките во Северна Америка, но неможе да ги испрати заради наполно разурнатото пристаниште кое се наоѓа до магацините на компанијата.

Од Nissan притигнуваат многу поохрбрувачки информации. Одговорните се надеваат дека произвоството најверојатно ќе стартува на 20 март. Важно е што во Nissan нема недостаток од компоненти за производство.

Honda треба да го рестартитра производството на 21 март откако во компанијата ќе се направат целосни проценки за нанесените штети кои ги направи силното тресење на земјата.

Добри вести пристигнуваат од повеќето добавувачи на делови и компоннти на јапонските марки кои работат на рестартирање на производството уште денес, а истото важи и за Mitsubishi и за Mazda.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook