Грозничавата потера по смалување на тежината доведе
компании како Ferrari до точка кога користењето на композити од карбон и
керамика се сели од тркачките патеки во сериското производство.
Станува збор за карбон-керамички диск сопирачки за кои
овој јак материјал отпорен на прегревање е совршен. Но, неговата висока цена до
сега му обезбедуваше место само во врвот на мотоспотот.
Сето ова треба да се смени по одлуката на Ferrari докажаните
технологии во спортот да ги користи во сериско производство. Ова значи дека
сите автомобили во програмата на Ferrari од 2008 ќе носат
дискови од карбон-керамички материјал Carbon-Ceramic Material (CCM).
Карбон-керамичките дискови не се единствената тркачка
технологија што Ferrari ќе ја користи за своите автомобили. F430 Scuderia користи
систем за контрола на тракција сличен на оној што го има и болидто во Формула
1. Во Ferrari го нарекуваат E-Diff + F1-Trac. Истиот
автомобил има менувач со време на префрлање на степените како болидот во
Формула од пред две сезони.
Но, да се вратиме на карбон-керамичките дискови кои се
издржливи и воедно нудат перформанси и комфор. Сопирањето е многу подобро,
екстремно се отпорни на прегревање и траат подолго и на улица и на патека.
Притоа заштедата во тежината е неспоредлива кога ќе се
земе во обѕир дека неамортизираната тежина е за 15 килограми помала со
користење на карбон-керамички дискови наместо челични. Ова има
предност дури и кога автомобилот не сопира. Помалата неамортизирана тежина
прави автомобилот да има побрз одзив при менување на правецот, односно
го прави подинамичен.
|