Get Adobe Flash player
Каскадерите се вистинските херои
16.08.2007
bourne-ultimatum-1Сите уживаме гледајќи ги сцените со брканица со автомобили на филм. Некои се полоши, некои подобри. Сепак, веруваме дека секој ќе ги памети оние од „Борнеовиот идентитет” низ Париз.

Во последното издание на, за сега, трилогијата за Џејсон Борн, Борнеовиот ултиматум, јунакот на филмот го замени Mini од првиот дел со голем теренец. И тоа не било кој теренец туку VW Touareg.

Се чини неверојатно како чудовиштето од безмалку 2 тона е способно за такви акробации. Но, за да не остане непознаница ги откриваме триковите од снимањето на филмот.

Главниот јунак Мет Дејмон не е неранимајко. Завршил на Харвард. Има добиено Оскар и е еден од најплатените актери во Холивуд. Неговите два најпознати филма до денес Борнеовиот идентитет и Борнеовата надмоќ заедно заработија повеќе од 500 милиони долари во кино салите. А најновиот филм Борнеовиот ултиматум може да ја искачи таа цифра на над 1 милијарда долари. Импресивно нели?

Недвојбено главниот јунак во филмот е Џејсон Борн, односно Мет Дејмон. Но, без оглед дали на него му се допаѓало или не, неговиот дублер во автомобилот заслужува подеднаква слава.

Исто како и добавувачот на автомобилите VW, кој учествува во финансирање на филмот со одреден процент и воедно му покажува на светот колку е издржлив, брз, сестран и брутален нивниот Touareg.

Големиот теренец на VW се покажа како совршен главен јунак меѓу автомобилите за режисерот Пол Грингрес и неговата каскадерска екипа. За време на 140. напорни дена колку што траеше снимањето на филмот беа искористени, малтретирани и на крај уништени неколку идентични модели на VW Touareg.

Но, како што вели Скот Роџерс еден од каскадерите во филмот „Без оглед пред каков предизвик ќе ги ставите овие возила продолжуваат да возат.”

Најголемиот предизвик за филмаџиите е затворање на преполните градски улици, расчистување на сообраќајот, паркираните возила и случајните минувачи, пред да се снимаат сцените со Touarеg како вози наоколу со колосална брзина, додека актерот зад волан се преправа дека избегнува куршуми и се навалува од прозор да испука неколку и самиот, што практично го става во позиција да не може да управува со возилото.

Во овие сцени каскадерот неможеше да биде скриен во возилото бидејќи камера која се врти 360 степени постојано го снима секој сантиметар до внатрешноста и акцијата на главниот јунак.

Управување на автомобилот со далечинска контрола исто така било земено предвид, но е одбиено бидејќи се смета за премногу опасно.

После долги размислувања на техничката екипа која работела на филмот само едно решение се наметнало како најдобро.

А тоа е: да се постави каскадерот на кров на возилото и да му се обезбедо контрола на воланот, педалот за гас и сопирачките и секако да се остави актерот да си игра со својот пиштол играчка и волан играчка, додека автомобилот е под целосна контрола на професионалец.

Брилијантно!

bourne-ultimatum-2

 

 

 

 

 

 

 

 

 
Масивен кафез од цевки кој имитира едносед како во кокпит на тркачки автомобил е зашрафен за кровот, а во него е врзан каскадерот Гил Комбс. Само господ знае зошто. Бидејќи Гил е голем мускулес човек кој заедно со кафезот тежи повеќе од 250 килограми, а целата тежина е поставена на кровот на Touareg.

Гил пред снимањето на сцената признал зошто токму тој е избран за да седи во кокпитот, а не некој помал и полесен каскадер. „Ме бие глас дека уништувам се што возам,” си признава Комбс.

Заради безбедносни причини воланот е направен во стил на Формула 1 и може веднаш да се отстрани. Поврзан е со управувачкиот систем на Touareg со зглобна врска спроведена низ левиот преден столб. Десниот столб ги сокрива каблите од педалите за гас и сопирачките на Гил.

Ќе се согласите сето ова изгледа лудо и страшно. А што ако автомобилот се преврти на кров? Дали кафезот е доволно цврст за да го заштити каскадерот?

Но, каскадерите велат дека ризикот е нивно секојдневие, а без изгребан, исчукан и искасапен VW Touareg, Борнеовиот ултиматум не би бил олку возбудлив.

Што е потребно за да се биде добар каскадер возач? Еден од најдобрите во Холивуд вели „Потребена е интелигенција и машко срце.” Друг додава „Не смеете да бидете срамежли и да се двоумите. Треба да се биде агресивен и вешт за да ја исполните замислата на режисерот.” Но, доколку сакате да преживеете предострожнос и професионален однос кон безбедноста ќе ви го овозможат тоа.

Третиот респектиран каксакдер на сето ова додава дека најголемата вештина на еден возач кој си поигрува со среќата е „Да се знае кога е доста,” и признава дека кога ќе дојде време советот на Гил Комбс е „Адаптирајте се и тоа направете го брзо, бидејќи нема да добиете втора шанса во оваа опасна професија.”

 

 

 

Facebook