Get Adobe Flash player
Катастрофа од баснословна вредност
14.05.2009
lamborghini-murcielago-1.jpgТрагично – среќен расплeт на една дива трка со автомобили во која учествувале Porsche 911 и Lamborghini Murcielago и завршиле како купчиња ламарина, без повредени возачи.

Двата супер спортски автомобили се движеле со лудачка брзина на автопат во Унгарија кој води кон главниот град Будимпешта. Од неразјаснети причини автомобилите странично се допреле еден со друг, по што возачите изгубиле контрола, а епилогот е следен.

Автомобилите кои веќе биле вон контрола започнале последователно да се удираат од банкината, оградата на патот патем собирајќи ги сообраќајните знаци и бандера која спроведува електрична енергија.

Така удирајќи се после повеќе стотини метри застанале завршувајќи во споменатите купчиња згужвана ламарина, на кои сега единствено ќе им се радува отпадот за старо железо.

Заради тежината на сударот и двата автомобили откако конечно сопреле вивнале во пламен. Пожарната екипа успеала да го изгаси искршеното Porsche 911, но затоа Lamroghini Murcielago изгорел до гол лим.

Добрата вест во целава ситуација е што во инцидентот нема повредени лица. Дури и возачите излегле со гребнатинки и модрици и секако со голем страв. А дополнително ќе ги освестат високите казни за загрозување на безбедност во сообраќајот и фактот дека ги уништиле своите миленичиња вредни стотици илјади евра.

Сопственикот на вредниот Murcielago најавил дека ќе ги тужи пожарникарите обвинувајќи ги за ненавремено превземање на соодветни мерки за да се спаси автомобилот.

Шефот на пожарникарската екипа која била на место на настанот изјавил дека обвинувањето е неосновано бидејќи на местото на инцидентот автомобилот бил напуштен додека возачот на Porsche 911 сеуште бил во автомобилот и сите сили биле насочени кон негово спасување.

 

 

 

 

Facebook