Сите оние што ќе сакаат да купат автомобил од некоја од
луксусзните марки или пак некаков супер спротист можат да се соочат со
дополнителна премија од 3.500 евра по автомобил.
Сето ова ќе се случи доколку Европската комисија одлучи
да ја спорведе идејата за драстично намалување на емисијата на јаглероден
двооксид до 2012.
Моменталната дозволена емисја на CO2 изнесува
162 g/km, но комисионерите на унијата планираат да воведат норма,
кај која просекот од целата гамата на модели на еден производител, би требало
да ја задоволи нивата норма од 130 g/km. Тие што нема да
ја задоволат нормата ќе мора да плаќаат големи казни, за сето тоа на крај ќе
заврши на грбот на купувачот.
Се проценува дека производителите на автомобили би можеле
да плаќаат клазни кои би ја достигнале сумата од 12.5 милијарди евра на годишно
ниво доколку се усвои предлогот на комисијата. За попрецизно одредување на
казната комисијата предлага да се плаќа сума од 80 до 90 евра по грам по
автомобил, односно по толку пари за секој грам СО2 над пропишаната граница од
130 g/km.
Во моментов Mercedes кај својата гама
на модели од Класа А па се до Класа G остварува просек
од 188 g/km, додека неговиот конкурент BMW од Mini до Серија
7 остварува просек од 184 g/km.
Францускиот PSA, Peugeot и Citroen кој во
своите автомобили вградува мотори со помала зафатнина остварува просек од 142 g/km и по
логиката на Европската комисија ќе плаќа помали казни во однос на германските
премиум производители.
Предноста на производителите на помали автомобили е во
тоа што тие би можеле да го намалат просекот на емеисја на СО2 на пропишаните
130 g/km до 2012, но тоа многу потешко ќе го направат тие што
произведуваат поголеми и помоќни автомобили.
Токму тие се на удар на Европската комисија.
|