Веќе се слушаат муабети дека кинеската автомобилска
индустрија ќе го преплави глобалниот пазар и набрзо сите ќе се возиме во евтини
и технолошки назадни автомобили.
Сепак, крај излегува дека муабетите си се муабети. Кинеската
автомобилска индустрија е сеуште во повој и производствените капацитети сеуште
се борат за да ги задоволат потребите на сопствениот пазар кој расте со
неверојатна брзина од ден на ден.
Значи остатокот од светот е безбеден, барем за сега.
Кинеската комбинација на експлозивен економски раст и
високата побарувачка за автомобили значи дека домашните марки како што е на
пример Chery Automobile набрзо ќе ги префрлат своите
капацитети во Југоисточните азиски земји со уште посиромашна економија.
Причината е што земјите со висока еконимија неможат
економично да произведуваат и не само автомобили, а кинескиот економски раст ќе
го напрви истото. Затоа дури и кинеските производители ќе бидат принудени да го
селат производството во земји со поевтина работна сила за да ги задржат ниските
трошоци за производство.
Овие предизвици што се исправуваат пред растечките
кинески компании значително ќе ја забават нивната експанзија на глобалниот
пазар.
Постои шанса партнерството со етаблираните автомобилски
компании да биде алтернатива за влегување на глобалниот авто пазар. Но, тука
постои пречка бидејќи многу производители сметаат дека кинеските компании
немаат соодветни производи кои одговараат на нивните барања и потреби.
Еден ваков пример е неодамна најавента соработка меѓу Chrysler
и Chery. Според планот Chery требаше да
пласирање мали кинески автомобили на маериканскиот пазар под знакот на Chrysler.
Но, според раководството на Chrysler, Chery во
моментот не поседува возило ги задоволува стандардите на американскиот
производител. Тоа значи дека производството на заеднички автомобил на Chrysler-Chery ќе биде
одложено се додека кинескиот производител не стане подготвен да направи
автомобил кој ќе ги задоволи стандардите на Chrysler.
Chery сеуште има планови за соработка со Fiat, барем
според најавите на претседателот на компанијата Јин Тонгијао. Тој исто така се
надева дека неговата компанија ќе произведува по 1 милион автомобили годишно во
Кина до крајот на декадава. Поставувањето на една ваква цел е за респект, но
фокусто сеуште останува на домашниот кинески пазар. Тука не станува збор за
освојување на глобалниот пазар.
Со други зборови брзо растечката кинеска автомобилска
индустрија сеуште работи за да ги задоволи потребите на домашниот пазар.
А за да се достигне капацитет за задоволување на
потребите на глобалниот пазар и стандардите за квалитет кои важат таму и уште
повеќе за една глобална доминација ќе треба да со почека.
|