Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Кинезните дефинитивно се шампиони за плагијат
16.05.2008
kina-soobrakaj-1.jpgМирните и послушни кинeски граѓани се неверојатно снаодливи кога ќе дојде времето да се платат казните за брзо возење. За да ги залажат камерите тие користат еден совршен изум.

За што зтанува збор. Секому се познати вртливите светлечки паноа, или билборди, кај кои со свртување на елементите од кои е составена огласувачката површина се менува и содржината на рекламата, или целата реклама наеднаш.

Токму тоа им паднало на памет на кинеските возачи кога неможеле да кренат глава од сообраќајните камери поставени на семафори, надвозници, знаци и слично. Тие сега користат регистерски таблички составени од вртливи елементи со чија помош оригиналната табличка многу лесно станува лажна.

Паралелно со зголемувањето на сообраќајот во Кина, расте и бројот на прекршители на сообраќајните правила и прописи за чие снаоѓање со претставниците на законот се грижи цела мала идустрија која ги поддржува возачите произведувајќи лажни регистерчки таблички.

Во основа постојат два вида на заштита. Првиот е прекривање на регистерката табличка со малечок подвижен панел. Оваа направа ги чини возачите околу 115 долари. Додека, вториот систем кој овозможува сменување на бројот на регистерската табличка чини околу 230 долари што е дупло поскапо.

Но, ова се двата суптилни начини на решевање на проблемот со полицијата на сите оние што сакаат да бришкаат по улица. Дел од возачите во Кина се дрзнуваат своите возила да ги обојат како службени возила на армијата и на тој начин ги избегнуваат реперкусиите за својата непослушност.

Мора да признаеме дека иако во поглед на, кршењето на ограничувањето за максимална брзина, кинезите не се разликуваат од остатокот од светот, сепак, мора да им се признае дека се единствени и имаат уникатен начин на решавањето на проблемот и на борба со полицијата.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook