|
Еден канаѓанец успеал да заработи на сопствениот автомобил кого полицијата му го запленила откако го фатила за пребрзо возење и подоцна му го продала автомобилот на јавно наддавање.

Целата работа се случила откако сообраќајната полиција во Канада го уловила својот граѓанин како вози со 200 km/h во зона кaде што е дозволена максимална брзина од 60 km/h.
Полицајците откако го фатиле му изрекле казна, му ја одземале дозволата и според строгите канадски закони му го заплениле возилото, станува збор за Ferrari F430 Scuderia, и за него одредиле кауција од 235.000 канадски долари.
Италијанскиот беснотилак на четири тркала е фатен како се тркал со друг беснотилак, овој со потекло од германија и со ознака BMW M6. И на вториот прекршител му е земена дозволата, изречена парична казна и запленет автомобилот кому му е доредена кауција од 75.000 канадски долари.
Законот во Канада вели дека доколку за запленетите возила не се плати кауција тие одат на јавно наддавање, а од вкупната сума по која ќе се продадат 80% оди за корисникот, а 20% за државата.
Сопственикот на Ferrari F430 Scuderia кој немал да плати кауција подоцна дознал дека неговиот автомобил е продаден на јавно наддавање за 309.000 канадски долари, сума многу повисока од онаа што тој ја платил за него кога го купил.
Математиката покажала дека откако државата му ги исплатиле неговите 80% од сумата по која е продаден автомобилот канаѓанецот не само што се ги повратил сите пари што ги дал за него кога го купил, туку и заработил 10.000 канадски долари.
Меѓутоа дали истата среќна ќе го снајде и неговиот соперник со BMW M6 не се знае, бидејќи неговиот автомобил сеуште на е понуден на јавно наддавање.
|