Одговорот е Словачка. Звучи неверојатно, но вистина е. Ако
се земе просек на 1.000 жители, Словачка за две години ќе произведува најмногу
автомобили на светот.
Годинава се очекува во Словачка да се произведат за 18
проценти повеќе автомобили отколку во 2007 или вкупно околу 675.000 нови
автомобили. Малата средно европска држава која во минатото под заедничко знаме
со Чешка беше дел од Варшавскиот пакт со своите 5 милиони жители ќе се претвори во
најголемиот производител на автомобили на светот по глава на жител.
Денес во Словачка свои фабрики имаат VAG,
PSA Peugeot Citroen и Kia, што го претворија економскиот раст на оваа држава како
еден од најдинамичните во европската унија. Значи сето ова се должи на автомобилската
индустрија.
Од горе наведените производители најголем раст бележи
фабриката на Kia во Жлина која со производство стартуваше во 2006, а веќе
годинава планира производните ленти да ги напуштат околу 225.000 возила.
Во моментов во Жлина се произведуваат Kia Sportage, плус три
верзии на Cee’d, покрај верзијата со пет врати и Pro
Cee`d со три врати и караванот Cee`d SW, а годинава во производство ќе биде воведен уште еден
модел на Cee`d.
PSA има фабрика во местото Трнава и според планот на
производителот годинава од нивните производствени ленти треба да се симнат
околу 200.000 автомобили или за 13 проценти повеќе отколку минатата година. Во
оваа фабрика на PSA од 2006 се произведува моделот на Peugeot,
207.
Фабриката на VAG во Братислава е
најстарата од овие три и работи уште од 1991 и исто како и Kia и PSA планираат
да го зголемат производството. До сега во оваа фабрика се произведуваа околу
250.000 автомобили годишно.
Од производните ленти на фабриката на VAG во
Братислава доаѓаат моделите Volkswagen Touareg и Audi Q7, а заедно
со нив за склопува и Porsche Cayenne.
Првпат годинава во истата фабрика ќе се произведува и Skoda
Octaviа модел за кого владее неверојатно голема побарувачка на пазарите во
Европа. Планот е годинава да се произведат 25.000 модели.
И покрај големито раст на производството сепак, годинава
нема да биде достигнат максималниот капацитет на фабриките на овие три
производители кој изнесува околу 850.000 автомобили годишно. Според плановите
овој максимум би требало да биде остварен во 2010. Тогаш Словачка ќе биде
најгоемиот произбводител на автомобили на светот по глава на жител.
|