Get Adobe Flash player
Компромис за емисијата на издувни гасови
03.12.2008
evropska-unija-1.jpgПо долги преговори, конечно постигнат е компромис меѓу Европските парламентарци и производителите на автомобили за висината на емисија на СО2 кај нови автомобили.

Спогодбата постигната меѓу двете преговарачки страни нуди значително олеснување за производителите на автомобили од првичните предлози на Европската комисија за кои Евро парламентот одлучи дека се премногу ригорозни во едни вакви услови на работење.

Според постигнатиот договор Европската Унија нема да бара редуцирање на емисијата на СО2 за 18% кај новите автомобили во следните шест години.

Една ваква рата на постепено смалување на СО2 е далеку пониска отколку првично најавената. Ова значи дека емисијата на СО2 ќе треба во просек по производител да биде намалена на 130 g/km (се работи за средна вредност) меѓу 2012 и 2015, а не до 2012 како што првично беше предложено.

Во постигнатиот договор стои дека до 2012, 65% од ново произведените автомобили на компанијата треба да имаат емисија на СО2 до 120 g/km. Понатаму процентот на нови автомобили од секој производител што ќе има емисија на СО2 до 120 g/km е следен: 75% до 2013, 80% до 2014 и 100% до 2015.

Секој производител на автомобили кој нема да може да ги исполни овие норми ќе плаќа казна за секој грам СО2 што ќе ја надминува вредноста од 120g/km.

Покрај постигнувањето на договор за намалување на емисијата на СО2 до 2015, поставен е и долгорочен план според кој вредноста на емисијата на СО2 кај новите автомобили треба да се намали до 95 g/km до 2020.

Член на Европскиот парламент, Мартин Каланан, по завршувањето на преговорите истакна: „Видовме дека можеме да ги окуражиме производителите на автомобили да развиваат почисти технологии без да ги застрашуваме со казни”.

Сепак, постигнувањето на компромис ниту од далеку не било така лесно. Постои група на конзервативни европарламентарци кои барале исклучување на одредени производители од овој закон.

Тие лобирале ново постигнатиот договор да важи само за производителите на мали автомобили и барале автомобилските марки како Ferrari, Lamborghini, Jaguar, Land Rover, BMW, Mercedes и слични да бидат исклучени од него.

Секако овој предлог бил отфрлен како неоснован.

 

 

 

Facebook