Get Adobe Flash player
Кравите се поштетни од автомобилите?
29.04.2007
kravamucka Автомобилите испуштаат јаглероден моноксид, а кравите метан што се создава при варењето на храната. Овие гасови се виновни за стаклената градина и се таложат во обвивката околу земјата.


Метанот влијае за 20 до 30 пати повеќе врз загревањето на климата отколку јаглеродниот моноксид. Па зарем во тој случај не е логично и кравите да се направат поеколошки? Научниците пронајдоа начин за мерење на издувните гасови од кравите и развија еден вид на желудочна капсула, што има за цел да ја намали емисијата на метан од кравите.
Кравите ја уништуваат климата – Како желудникот создава метан

Метанот е природен гас – главен составен дел на земјениот гас и на биогасот. Се создава во пречистителни станици за отпадни води, во мочуришта и го има во стомачните гасови – и кај човекот. Гасот е невидлив, не е отровен и нема мирис. Но: Метанот е многу поштетен за глобалната клима отколку СО2. Со текот на времето се распаѓа во водена пареа и повторно во СО2, значи исто така гасови виновни за стаклената градина. Бидејќи со тоа гасовитата обвивка околу глобусот постојано расте и се повеќе ги рефлектира сончевите зраци назад кон земјата, површината на земјата и атмосферата се повеќе се загреваат. Овој феномен се нарекува ефект на стаклена градина.

krava

Микробите ги уништуваат ѕидовите на ќелиите
Кравите дневно јадат 50 килограми трева и ја голтаат практично без претходно да ја изџвакаат. Варењето почнува во првиот од четирите желудници на кравата. За да ги разбие ѕидовите на ќелиите од растенијата што се несварливи во човечкиот организам, кравите ангажираат мноштво бактерии и други микроби во нивните органи за варење. Тие сакаат да се на топло. Во желудникот на кравата владее температура од четириесет степени. Тука микробите ја претвораат целулозата во енергија. Притоа се создава опасниот метан. И така кравите всушност не се злосторници, туку се место на злосторот.

Микробиолошкото разградување на целулозата се нарекува ферментација и таа е од животна важност за преживарите. Кога кравата ќе се најаде, спокојно си застанува настрана и почнува да ја преживува храната. Вториот претжелудник, таканаречениот мрежест желудник под дејство на рефлекс ги враќа во муцката на кравата деловите од растенијата што веќе се нападнати од бактериите. Тогаш низ муцката се ослободува метанот што може ја надува кравата.

Варење во служба на науката
Но, колку метан испушта кравата секој ден? Научниците го измерија тоа, во херметички затворен простор, поточно во респирациска комора. Едно мерење трае 24 часа. За тоа време тестираната крава стои во комората, вари и испушта гасови. Приближно на секои 40 секунди животното ждригнува метан. Овој воздух преку црева влегува во мерната станица. Се разбира дека кравата добива свеж воздух, но тој претходно точно се мери. Од разликата во концентрацијата на гасовите во свежиот и во искористениот воздух се пресметува точната емисија на метан. Кај тестираната крава излегоа 300 литри во еден ден.

Крава убиец на климата – автомобил против теле
Што всушност значи емисијата на метан на кравата покажува споредбата со еден автомобил. Нека биде тоа убав автомобил, BMW од серијата 1. Тој тежи 1.375 килограми и троши 4,9 литри дизел на 100 километри. Модерна млечна крава тежи 700 кила, дневно јаде 50 кила трева и друга храна и годишно произведува 8.000 литри млеко. BMW испушта 128 грами СО2 на секој поминат километар. При 15.000 километри годишно, BMW испушта два тона СО2 во атмосферата. Количината пак со која што кравата ја валка атмосферата со метан одговара на три тони СО2. Тоа значи дека кравата е поголем загадувач на животната средина од автомобилот.

kravabmw

Како кравите ќе станат поеколошки?
Исто како што автомобилската индустрија се обидува да ја намали емисијата на штетни гасови на автомобилите, научниците сакаат да ги намалат и издувните гасови од кравата. Сепак, емисијата на гасови кај кравата не може целосно да се спречи: таа ќе се разболе, бидејќи целиот систем за варење ќе колабира.

Но, може барем да се намали испуштањето метан при хранењето на кравата – со нов вид на храна и со почесто хранење. Покрај тоа, значително ќе се подобри и благопријатното чувство на кравата, бидејќи постојаното џвакање и варење е поздраво. Со тоа се поттикнува метаболизмот, се олеснува варењето и се намалуваат издувните гасови. Важи и кравата и за човекот: редовни, помали оброци место спорадични јадачки оргии. Со променета исхрана емисијата на метан на кравата може да се намали за 15 до 30 проценти.

Пилули за кравите
На кравите во штала лесно може да им се достави новиот вид на храна. Посложено е кај огромните стада кои без да ги надгледува човекот си пасат по степите. Тука ќе помогне огромна пилула за намалување на метанот. Капсулата од 15 сантиметри ќе се постави во желудникот на кравата преку вдувување низ цевка. Таму неколку месеци ќе ги ослободува состојките и така ќе ја намалува емисијата на метан.

kravanalivada

Во светот годишно се испуштаат околу 500 милиони тони метан. Околу 70 проценти се од човекот. Во последните 50 години концентрацијата на метан се зголеми за шест пати. Кравите сепак придонесуваат со мала мера во вкупната емисија. Тоа се некаде околу 2 проценти! Така краватае само мала риба во процесот на климатските промени. Главен причинител и виновник е и останува човекот.

 

 

 

Facebook