|
22.07.2009 |
Еден дилер на автомобили во САД се сетил на интересен
рекламен трик кој му овозможил да продава и да заработува многу дури и во време
на криза кога купувачите се тргаат настрана од автомобилите.
Имено при купувањето на било каков автомобил од дилерот Max Motors во американската сојузна држава Мисури купувачот гратис добива и
автоматска пушка AK-47 или популарно наречен Калашников.
Во суштина пушката е преправена во полуавтоматска бидејќи
законот за оружје дури и во либералните по ова прашање САД не дозволува продажба
на автоматско оружје на физички лица.
Но, да продолжиме со приказната. Сопственикот на фирмата
Марк Молер
се одлучил на еден ваков подфат откако успешно му минале
акциите за продажба на автомобили со ваучер за 250 долари гориво, а највеќе
заради акцијата со ваучер за годишна претплата на магазин за оружје.
Па така сега Молер на купувачите им нуди Калашников.
Односно ваучер за купување на Калашников, а оружјето може да се подигне во
дуќан на регистриран продавач на оружје.
Според информациите кои доаѓаат од магазинот Bussiness Insider понудата на Max
Motors акцијата постигнала огромен успех, фирмата на Молер стекнала
голема популарност и неговиот плац врие од купувачи.
|