|
26.11.2007 |
Досега сме виделе многу вакви дуели како што е F1 болидот на
Ferrari, или пак, Bugatti Veyron против борбен млазен авион. Сега
приказната продолжува со Lamborghini Reventon против Panavia
Tornado.
Двете машини се бореа една против друга во драгстер трка
на правец од авионска писта долг 3 километри во воената воздухопловна база во
Геди, Италија.
Во првите моменти од трката Reventon беше во
водство. Неговиот спринт од 3,4 секунди до 100 km/h му даде
очигледна предност, но во завршницата од трката водството го превзеде борбениот
ловец Tornado. Додека неговите тркала го напуштаа асфалтот тој пролета
покрај Reventon и неговите максимални 340 km/h. Покрај галеријата тука е и видеото.
|