Безкоментар едно вакво летало е совршено решение за
избегнување на сообрќајниот метеж и пристигнување на саканата локација во
најкраток можен временски период, но колку има вистина во сето ова?
Многу, тврдат Др. Пол Молие и пилотот на хеликоптери Џино
д`Игнацио Гицио, двајцата истомисленици што стојат зад компанијата Cell
Craft Group. Тие се обидуваат да ги решат и двата проблеми со едно
решение – летечки автомобил. Прв од таков вид произведен во Европа.
Најновиот концепт на Cell Craft
Group, G440 е неверојатно практичен има седум места за седење, иако
да се најдат шестмина што ќе му веруваат на сопственикот доволно за да се
повозат со него ќе биде тешко на почеток. Но, со време се ќе си легне на свое
место.
Управувањето со G440 во Cell Group тврдат дека
е неверојатно едноставно со две палки поставени на потпирачите за раце на
возачкото/пилотското седиште. Со левата се контролира потисокот, односно се
додава и одзаема гас, а со десната се управува. На левата палка има и копче кое
кога ќе се притисне G440 може да се врти во место додека лебди. Сетоа ова го
контролира компјутер, па така не постои опасност возачот/пилотот да направи
некоја непромислена грешка.
Четирите турбини на G440 му
овозможуваат вертикално полетување и слетување, движење напред и маневрирање.
Згодно нема што.
Образложението на Cell Craft зошто да
купите едно вакво превозно средство е дека сообраќајниот метеж ќе биде многу
помал во воздух отколку на земја, бидејќи сообрќајот може да се движи и по
вертикала, плус би се заштедило и на изградба на патишта.
Сето ова е супер идеја нема што, но малку мачи заштедата
за изградба на патишта и уште нешто.
Прво треба да се разработи процес на евтино и масовно
производство, потоа да се обучи обичниот човек безбедно да полетува и слетува и
да лета, па да се обезбедат доволно места за слетување и полетување, па да се
измисли начин за воведување на сообраќајни знаци и светлечка сигнализација што
во воздух не е можно и автоматски бара вработување на уште мал милион на воздушни
контролори и така натаму, и така натаму.
Кога сето ова ќе се збере се чини дека летачката иднина
на секојдневието е сеуште мнооооогу далеку. Но, да се разберема денес ништо не
е невозможно само треба да ни текна. А која сака да дознае нешто повеќе за Cell
Craft и за G440 и за идеите на Гицио нека повели тука.
|