Една ваква споредба може да им падне на памет само на американците. Да се споредува автомобил што чини 400.000 долари со автомобил што чини 85.000 долари. Но, ако не им текне ним кому?
Секако, да не бидеме разбрaни погрешно, им благодариме за споредбата. Очигледно е дека момчињата од МоtorTrend исто како и цел свет сакале да дознаат како ќе изгледа една трка на двата најеминентни јапонски суперспортски модели на денешницата.
Значи станува збор за Lexus LF-A со шасија и каросерија комплетно изработени од карбон-фибер и алуминиумски атмосферски V10 со моќност од 560 КС и спринт до 100 km/h за 3.7 секунди.
Лесната конструкција условила LF-A да не тежи повеќе од 1.480 kg. Моторот има зафатнина од 4.8 литри, развиен e во соработка со Yamaha, комплетно се произведува во нивните погонии оди на дизајнирање на звукот во Yamaha Musical Instruments.
Противник е Nissan GT-R со битурбо V6 и моќност од 480 КС извлечени од 3.8 литри кој до 100 km/h спринтува за 3,3 секунди и благодарение на кусите преносни односи во менувачот и погонот на четири тркала со огромна тракција е одличен спринтер.
Американците го имале Lexus LF-A на располагање само на неколку часа и не смееле да го возат на улица поради што тркачката патека им била единствена опција. А кој победува на драгстер трката на ¼ милја или 402 метри следи во видеото.
Секако да не бидеме разбрaни погрешно им благодариме за споредбата. Очигледно е дека момчињата од МоtorTrend исто како и цел свет сакале да дознаат како ќе изгледа една трка на двата најеминентни јапонски суперспортски модели на денешницата.
Значи станува збор за Lexus LF-A со шасија и каросерија комплетно изработени од карбон-фибер и алуминиумски атмосферски V10 со моќност од 560 КС и спринт до 100 km/h за 3.7 секунди.
Лесната конструкција условила LF-A да не тежи повеќе од 1.480 kg. Моторот има зафатнина од 4.8 литри, развиен e во соработка со Yamaha, комплетно се произведува во нивните погонии оди на дизајнирање на звукот во Yamaha Musical Instruments.
Противник е Nissan GT-R со битурбо V6 и моќност од 480 КС извлечени од 3.8 литри кој до 100 km/h спринтува за 3,3 секунди и благодарение на кусите преносни односи во менувачот и погонот на четири тркала со огромна тракција е одличен спринтер.
Американците го имале Lexus LF-A на располагање само на неколку часа и не смееле да го возат на улица поради што тркачаката патека им била единствена опција. А кој победува на дарагстер трката на ¼ милја или 402 метри следи во видеото.